Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Нејмар, Ди Марија и Кавани ја уништуваат Звезда, „покер“ на ПСЖ за едно полувреме

ВИДЕО: Нејмар, Ди Марија и Кавани ја уништуваат Звезда, „покер“ на ПСЖ за едно полувреме

Вечерва со почеток од 18:55 часот својот натпревар од второто коло во Лигата на шампионите го играат Пари Сен Жермен и Црвена Звезда.

ПСЖ и пред натпреварот важеше за голем фаворит во однос на српскиот клуб, а таа улога и многу брзо ја оправда на теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Првиот гол „светците“ го постигнаа во 20-тата минута и тоа со мајсторија на Нејмар од слободен удар. Само две минути подоцна овој пат после одлична акција со Килијан Мбапе, Нејмар го постигна вториот гол на натпреварот.

Десетина минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Едисон Кавани, за во финишот на првиот дел да стрела и Анхел Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…