Aлексис Санчез и Месут Озил би можеле веќе во јануари да го напуштат „Емирати“.
Двата најдобри фудбалери на Арсенал на крајот од сезоната остануваат без договор, а ПСЖ и Јунајтед се споменуваат како нови дестинации на овие две ѕвезди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, можеби на повидок е голем пресврт. Озил многу лесно би можел да остане во Арсенал. Имено, германскиот новинар Рафаел Хоингстен за ЕСПН откри дека верува во останувањето на Озил во Лондон.
Хоингстин одлучно ги демантираше тврдењата дека Озил ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, иако за тоа на големо се пишува во последно време.
Споменатиот германски новинар смета дека и Озил не е тој што се прашува и дека Германецот треба да ги убеди „топџиите“ дека заслужува нов договор.
„Мислам дека негов прв избор е останување во Арсенал. На него е да се докаже“, изјави Хоингстеин.