Дома Фудбал Италија Видео: Наполи со „луд“ пресврт го победи Милан!

Видео: Наполи со „луд“ пресврт го победи Милан!

Наполи и Милан одиграа фантастичен натпревар на „Сан Паоло“ со пет погодоци, кој на крајот му припадна на домаќините.

Милан има за што да жали, одлично го отвори натпреварот и дојде до водство во 15-та минута со прекрасниот гол на Бонавентура. Домаќините потоа ја презедоа контролата на топката, но не успеаа да создадат посериозна шанса за гол.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Второто полувреме започна со нов шок за Наполи. По асистенција на Сусо, Калабрија погоди за 2:0, но само неколку минути подоцна Зиелински ги врати домаќините во живот, откако Биглија загуби топка на својата половина.

Во 67-та минута Наполи дојде до израмнување повторно преку Зиелински кој зафати еден волеј после корнер. Комплетниот пресврт беше дело на Мертенс, кој во 80-та минута го матира Донарума за конечни 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бивш играч на Реал Мадрид се потсмева на Јамал поради… капата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хосе Марија Гутиерес-Гути се потсмева на Ламин Јамал, …