Дома Фудбал Италија Видео: Наполи му одговори на Јуве, нова победа на Беневенто

Видео: Наполи му одговори на Јуве, нова победа на Беневенто

Откако Јувентус победи во градското дерби, Наполи веднаш одговори со победа над СПАЛ и се врати на врвот на табелата.

Наполи експресно се врати на врвот на табелата откако попладнево рутински го совлада СПАЛ со 1:0. Голот на одлука го постигна Алан уште во 6-та минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Домаќинот беше подобар и го контролираше мечот, а во 63-та минута Хамшик постигн агол, кој оправдано беше поништен поради офсајд.

Во дербито од дното Беневенто успеа да го совлада Кротоне со 3:2, а човек на одлука беше Диабите во 89-та минута.

Болоња исто така запиша победа против Сасуоло со 2:1. Поли го отвори резултатот во 12-та минута, а во 38-та Бабакар погоди за 1:1. Во последните моменти од мечот победа на Болоња и донесе Пулгар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се соочува со правни пречки за потпишување на играчот од 100 милиони евра

Ливерпул ги одложи своите планови за ангажман на ѕвездата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, пор…