Дома Фудбал ВИДЕО Мајсторија на Александер-Арнолд против Финска

ВИДЕО Мајсторија на Александер-Арнолд против Финска

Фудбалската репрезентација на Англија на гости со 3:1 ја совлад Финска во четвртото коло од Б Лигата на нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По првото полувреме водеа Англичаните со голот на Грилиш во 18 минута. За 2:0 се погрижи Александер-Арнолд во 74 минута, а во листата на стрелците се запиша и Рајс во 84 минута.

До крајот на мечот Финците успеаја само да го ублажат поразот преку Хосконен во 87 минута.

Во групата 2 Грција има девет бодови од три натпревар, следува Англија исто така со девет, три има Република Ирска, а последна е Финска без бодови.

Во Б сегментот од Лигата на нации се одигра уште еден меч, Словенија со 1:0 славеше над Казахстан на гостински терен. Единствениот погодок на мечот беше дело на Млакар во 55 минута на стадионот во Алмати.

На табелата во групата 3 Норвешка од три натпревари има седум бодови колку и Словенија на втората позиција. Австрија е третопласирана со четири, а последен е Казахстан со еден бод.

Мајсторијата на Александер- Арнолд може да ја погледнете во продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Халанд по победата над Бразил го откри новиот клуб на син му!?

Откако Норвешка го совлада Бразил и се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, п…