Дома Фудбал Репрезентации Видео: Македонија ја заврши работата за едно полувреме!

Видео: Македонија ја заврши работата за едно полувреме!

Македонската репрезентација стартуваше со победа во Лигата на нации, откако рутински го победи Гибралтар со 2:0.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во текот на целиот натпревар имаа доминација на теренот. Првиот гол стигна во 19-та минута кога по уфрлување на Ристовски од десната страна, Тричковски со силен удар под пречката го донесе гостинскиот состав во водство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 35-та минута Стефан Ристовски прекрасно го најде Барди, овој изби сам пред Голдвин, но не успеа да го совледа. Сепак, од корнерот дојде вториот гол за Македонија кога нафрлената топка стигна до Алиоски кој ја смести во мрежата.

Македонија имаше уште неколку добри шанси за поубедлива победа, во второто полувреме не успеавме да ја зголемиме предноста, но тоа беше доволно за првите три бода во Лигата на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

От Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го задржат Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…