Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Лука Дончиќ воодушеви на дебито за Далас – магија има во тие раце!

ВИДЕО: Лука Дончиќ воодушеви на дебито за Далас – магија има во тие раце!

Лука Дончиќ блескаше во победата на Далас 116:63 против Пекинг во првиот припремен натпревар за новата сезона во НБА лигата.

Словенскиот кошаркар постигна 16 поени и запиша две асистенции, од кои едната беше генијална. За три поени имаше четири обиди, а погоди три пати. Одличен беше и во одбраната каде што имаше три блокади.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од настапот на Дончиќ воодушевена беше и НБА ѕвездата Дирк Новицки која неколку пати му аплаудираше.

„Магија има во тие раце“, воодушевено извика коментаторот после еден од поубавите потези на Дончиќ.

https://youtu.be/rZsshe1vJLo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Полицијата уапсила навивач од Куманово зашто сакал да внесе навредлив транспарент

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека бил уапсен навивач кој сакал да внес…