Дома Фудбал Англија Видео: Ливерпул ја потврди кандидатурата за титула, „црвените“ го прегазија и Тотенхем

Видео: Ливерпул ја потврди кандидатурата за титула, „црвените“ го прегазија и Тотенхем

Тимот на Јирген Клоп попладнево на „Вембли“ потврди дека е сериозен кандидат за шампионската титула, откако ја запиша и 5-та победа, овој пат над Тотенхем.

„Црвените“ започнаа фуриозно, уште во првата минута му беше поништен гол на Фирмињо. Предноста стигна во 39-та минута кога Џорџино Вајналдум ја смести топката во мрежата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Само што започна вториот дел „црвените“ им прередија нов шок на домашните фудбалери, откако Фирмињо го матираше Ворм по асистенција на Мане.На крајот Тотенхем успеа само да го ублажи поразот со голот на Ламела во 93-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона прифати понуда да го продаде за 15 милиони, но тој не сака да „слушне“ за трансфер

Барселона пред неколку дена доби понуда што ја прифати за еден од своите првотимци, но тој…