Вечерва се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Лигата на шампионите во кои најголемо внимание секако привлекуваше натпреварот помеѓу ПСЖ и Ливерпул.
Дербито на вечерва на крајот заврши со победа на домаќинот ПСЖ од 2:1.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пари Сен Жермен до водство стигна уште во 13-тата минута и тоа преку Бернат. Домаќинот до зголемување на водството стигна после една убиствена контра во 37 минута кога топката во мрежата на Алисон ја спроведе Нејмар.
Избраниците на Јирген Клоп во финишот од првото полувреме успеаа да стигнат до намалување на предноста на Французите. Садио Мане изнуди пенал, а реализатор на најстрогата казна беше Џејмс Милнер.
Во вториот натпревар од оваа група Наполи ја победи Црвена Звезда и изби на првата позиција во последното коло во кое во директен дуел со Ливерпул ќе одлучуваат за патникот во осминафиналето (на Наполи ќе му биде доволно и реми).
Тотенхем успеа да стигне до минимална победа против Интер со 1:0, а единствениот гол на натпреварот беше дело на Кристијан Ериксен. Барселона со 1:2 ја оправда фаворитската улога кај ПСВ.
Во оваа група Тотенхем и Интер во последното коло влегуваат со ист број на бодови. Интер ќе игра против ПСВ, Тотенхем против Барселона која го обезбеди пласманот Вво нокаут фазата.
Во останатите два натпревари Порто со 3:1 го победи Шалке, додека Борусија Дортмунд и Клуб Бриж одиграа без голови 0:0.