Дома Фудбал Англија Видео: Ливерпул играше, имаше водство, а потоа му се случи Ловрен

Видео: Ливерпул играше, имаше водство, а потоа му се случи Ловрен

Дербито на Ливерпул заврши без победник (1:1), иако „црвените“ беа далеку подобар противник но промашувањата го чинеа многу.

Во првото полувреме немаше многу возбудувања, но публиката на „Енфилд“ виде еден прекрасен гол. Се играше 42-та минута кога Мохамед Салах после еден пробив мајсторски го погоди спротивниот агол и му донесе водство на Ливерпул.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во второто полувеме Ливерпул беше далеку подобар тим, создаде многу шанси, но не успеа да постигне втор гол. Казната стигна во 70та минута, кога Ловрен непромислено стартуваше врз Левин, а судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Вејн Руни за конечни 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…