Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари кои донесоа многу возбудувања.
Актуелниот шампион Голден Стејт на свој терен славеа победа против Минесота 116:108. Домаќините фуриозно го отворија натпреварот и поведоа со 13:0, но повремено Минесота знаеше да се врати во игра и на полувреме губеше со шест разлика (63:57).
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во третата четвртина, Вориорси повторно ја вратија двојната предност и ја заврши првата четвртина со +14 (91:77). На крајот се покажа дека тоа заостанување е недостижно за гостите кои до крајот успеаа само да го ублажат поразот.
Прво име на натпреварот беше Стеф Кари со 38 поени, шест асистенции и седум скокови. Во победничкиот тим ефикасен беше Томпсон со 26, додека Минесота беше предводена од Тоунс со 31 поен и 11 скокови.
https://www.youtube.com/watch?v=SVw6e0HHCu0
Лос Анџелес Лејкерси во „Стејплс Центарот“ го победија Мајами со 108:105. Во неизвесниот натпревар посебно се истакнаа неколку играчи, а се издвојуваше Леброн Џејмс кој беше блиску до трипл-дабл – 28 поени, 12 асистенции, 9 скокови. Најефикасен беше Кузма, додека на другата страна Винслов и Вејд уфрлија 28, односно 15 поени.
Во победата на Денвер против Мемфис 105:99 уште еден одличен настап одигра Никола Јокиќ.
https://youtu.be/lW4eyppb-9w
Српскиот кошаркар го запиша 17-тиот дабл-дабл со 27 поени, 12 скокови и шест асистенции.
Лука Дончиќ од кого навикнавме да гледаме спектакуларни настапи сега во победата на Далас од 101:76 имаше седум поени, девет асистенции и 11 скокови.
Индијана – Вашингтон 109:101
Филаделфија – Деторит 116:102
Бостон – Њу Орлеанс 113:100
Чикаго – Сакраменто 89:108
Милвоки – Кливленд 108:92
Оклахома – Јута 122:113
Далас – Орландо 101:76
Денвер – Мемфис 105:99
Феникс – Лос Анелес Клиперс 119:123 (после продолженија)
Голден Стејт – Минесота 116:108
ЛА Лејкерси – Мајами 108:105