Голден Стејт води во финалето од НБА лигата против Кливленд со 3:0, откако на гостувањето изминатата ноќ славеа победа со 110:02.
Како и што беше најавувано во тимот на Голден Стејт се врати Андре Игудала кој беше повреден и кој многу им недостасуваше на Вориорсите посебно во серијата против Хјустон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кливленд многу подобро го отвори натпреварот и веќе на половина од првата четвртина имаа десет поени предност. Кошаркарите на Вориорси во тие моменти беа посебно нервозни, Тристан Томпсон и Дрејмонд Грин направија технички грешки, а проблем за актуелниот шампион беше што Стеф Кари во раната фаза направи две лични грешки.
Почетокот на натпреварот го обележе забивањето на Леброн Џејмс во стилот на Трејси Мекгрејди.
OH MY, LEBRON JAMES! ?#NBAFinals pic.twitter.com/ZoeHxiMFee
— NBA on TNT (@NBAonTNT) June 7, 2018
Кавси продолжија со добрата игра и на четири минути до крајот на полувремето имаа +13. Изгледаше дека Кливленд на полувреме ќе замине со голема предност, но Кевин
Дурант во тие моменти успеа да го врати својот тим во игра. Тој постигна 24 поени во првиот дел 7/10 оди игра. Со тројката која ја погоди во последната секунда од првото поливреме намали на 58.52.
KD is up to 24 in the 1st half!#DubNation #NBAFinals
?: #NBAonABC pic.twitter.com/8kbvEb1pJD
— NBA (@NBA) June 7, 2018
Вориорсите вториот дел го започнаа со по три лични грешки на Кари и Грин, а Андре Игудала мораше да оди во соблекувалната.
Сепак, од третата четвртина бранителот на трофејот заигра многу подборо и за само три минути имаа серија од 13:3, па Тајрон Лу побара тајм-аут.
Кливленд имаше одговори, посебно во одбраната успеваа да им парираат, а во нападот добри беа Родни Худ и Џеј Ар Смит. Во третата четвртина Кари замина во соблекувалната.
Потоа следуваше период на игра во кој двата тима не правеа голема разлика, Леброн во четвртата четвртина стигна до трипл-дабл. Тоа за него беше 10-ти трипл-дабл во НБА финалињата и по тоа е убедливо најдобар во историјата.
Клучниот момент веројатно беше тројката на Кевин Дурант на 50 секунди до крајот со која Вориорсите стигнаа до предност од 106:100. По овие поени Кавси не се вратија во натпреварот.
KDTREY! ??? pic.twitter.com/m1IaARjJd7
— NBA (@NBA) June 7, 2018
Дурант беше убедливо најдобар кај Вориорси со 43 поени, 13 скокови, Кари уфрли само 11, а по 10 имаа Грин, Мекги, Томспон и Бел.
Во Кливленд Леброн Џејмс стигна до учинок од 33 поени, 11 асистенции 10 скокови, Кевин Лав додаде 20.
Четвртиот натпревар во финалето се игра ноќта измеѓу петок и сабота во три часот по полноќ.