Актуелниот шампион на НБА Голден Стејт Вориорси славеше против Кливленд со резултат 99:92 во реприза на божиќното финале, овој натпревар се игра нешто порано и со почеток од 21:00 часот.
Натпреварот беше изедначен, Кливленд имаше водство во текот на поголемиот дел од полувремето, а тимот од Оукленд во вториот дел од играта, а на крајот во неизвесна завршница успеаа да слават. Во ниту еден момент, ниту еден тим не успеа да достигне предност од повеќе од 10 поени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тројката која веројтно го одлучи натпреварот го постигна фантастичниот Клеј Томпсон.
BANG!!! Klay Thompson #NBAVote #NBAXmas #DubNation pic.twitter.com/T3iGAFtlas
— Golden State Warriors (@warriors) December 25, 2017
Најзаслужен за победата на Вориорси беше Кевин Дурант кој постигна 25 поени и запиша седум скокови, Клеј Томпсон со 24 поени и исто така 7 скокови беше одличен. Блескав настап имаше и Драјмонд Грин кој забележа трипл-дабл со 12 поени, 12 скокови и 11 асистенции.
Во тимот од Охајо најдобар беше Кевин Лав со 31 поен и 18 скокови, Леброн Џејмс постигна 20 поени запиша шест скокови и исто толку асистенции, но имаше и седум изгубени топки.
Оклахома го совлада Хјустон со 112:107. Ова за Оклахома беше пета победа во низа. Најдобар во тимот на Тандерси беше Расел Вестбрук со 31 поени, шест скокови и 11 асистенции.
Одличен беше и Пол Џорџ кој уфрли 24 поени. Кармело Ентони доаде 20, Стивен Адамс оствари дабл-дабл од 15 поени и 10 скокови. За поразениот Хјустон, Џејмс Харден имаше импресивна статистика од 29 поени и 14 скокови.
Во последниот натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерси и Минесота славеа гостите со 104:121.