Во првиот натпревар на 16. коло Волфсбург и Лајпциг одиграа без победник.
Волфсбург поведе во 15. минута од натпреварот кога Ферхав беше прецизен од белата точка и со тој резултат од 1:0 се отиде на полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Подобрата игра Лајпциг успеа да ја круниса на почетокот од второто полувреме кога Халстенберг успеа да погоди по асистенција на Поулсен.
Во продолжение на натпреварот Лајпциг остана и без играч помалку со вториот жолт картон и автоматски црвен за Упамекано.
Во центарот на вниманието на денешниот натпревар беше и Дивок Ориги кој при резултат 1:1 промаши празен гол од непосредна близина.