Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.
Во дербито на вечерта кошаркарите на Торонто славеа на домашен терен против Хјустон и така ја прекинаа серијата на овој клуб од 17 натпреври без пораз.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Натпреварот помеѓу двете првопласирани екипи во двете конференции донесе очекувана неизвесност, но дури во самиот финиш.
Домаќините доминираа од самиот старт и после втората четвртина имаа голема предност од 21 поени (37:16). Кон средината на третата четвртина Торонто водеше со 76:59, но од тој момент Хјустон заигра значително подобро и во последните 12 минути влезе со едноцифрен минус 83:75.
Во последната четвртина успеаа да стигнат и до изедначување 102:102. Сепак, домаќинот во финишот од натпреварот успеа да ја зачува прибрабост и дојде до победа од 108:105.
На Хјустон не му помогнаа ниту 40 поени на Џејмс Харден, зад него следуваа Крис Пол и Ерик Гордон со по 14. Во победничкиот тим Кајл Лаури постигна 30 поени и додаде шест асистении, Демар Дерозан уфрли 23 поени и седум пати асистираше, додека Јонас Валанчиунас стигна до дабл-дабл учинок (14 поени, 10 скокови).
Денвер славеше победа 0д 125:116 против Лејкерси, одличен во победата на домаќинот беше Никола Јокиќ.
Јокиќ за 32 минути поминати на паркетот уфрли 21 поени и додаде по шест асистенции и шест скокови, покрај тоа имаше и две украдени топки. Ист број на поени во неговиот тим имаше и Пол Милисап, додека еден повеќе постигна Џамал Мареј, со осум асистенции, Гери Харис натпреварот го заврши со 19 поени.
Кај Лејкерси центарот Брук Лопез беше најефикасен со 29 поени и пет скокови, 18 уфрли Џулис Рендл, а еден помалку Колдвел Поп, додека Лонзо Бол натпреварот го заврши со 15 поени, осум асистенции и исто толку скокови, како и четири украдени топки.
Хрватот Богдан Богдановиќ беше одлилен во победата на Индијана против Атланта (112:87). Бојан Богдановиќ со 21 поени беше најефикасен поединец, а зад него следуваа Кори Џоферс (18 поени, седум скокови), Мајл Тарнер, (17 поени, скокови) Виктор Оладипо (17) и Дарен Колинсон (17).
Портланд на свој терен успеа да го сруши шампионот Голден Стејт (125:108).
Тимот на Портланд до победа го предводеа Си Џејс Меколум со 30 поени и Демијан Лилард со 28 поени кој имаше и осум асистенции. Еван Тернер и Зек Колинс уфрлија по 12, додека Ед Дејвис стигна до дабл-дабл од 10 поени и 15 дкокови.
На Вориорси не им помогна ниту одличниот настап на Кевин Дурант со 40 поени, шест скокови и шест асистенции. Во нивните редови и тоа како се почуствува отсуството на Стеф Кари. Покрај Дурант, Клеј Томпсон уфрли 25 поени, а двоцифрен број на поени постигна утше Џавал Мекги со 10 поени.
Леброн Џејмс во поразот на Кливленд против Клиперси (116:102) уфрли 25 поени, додаде шест асистенции и запиша 10 скокови.
НБА резултати:
Детроит – Чикаго 99:83
Индијана – Атланта 112:87
Торонто – Хјустон 108:105
Мемфис – Јута 78:95
Милвоки – Њујорк Никси 120:112
Њу Орлеанс – Вашингтон 97:116
Денвер – Лос Анџелес Лејкерси 125:116
Портланд – Голден Стејт 125:108
Сакраменто – Орландо 94:88
Лос Анџелес Клиперси – Кливленд 116:102