На натпреварите кои се одиграа синоќа во НБА лигата ефикасни беа домашните екипи, а во центарот на вниманието беше Леброн Џејмс.
Кливленд предводен од Леброн Џемјс го совлада Детроит со 121-104. „Кралот“ беше најефикасен со 25 поени и 14 скока, а му недостигаат само два скока за да забележи трипл-дабил учинок. Кај поразената екипа, која добро се држеше во првите две четвртини, но немаше сили во останатите две, се истакнаа Харис и Толивер со по 20 постигнати поени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Свој блесок имаше и првата ѕвезда на Оклахома Сити Тандерс, Расел Вестбрук, кој со 37 поени, 14 асистенции и 9 скока ја водеше својата екипа до нова победа, овој пат над Филаделфија од 122-112.
Резултати:
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 103-112
Хјустон – Феникс 113-102
Чикаго – Милвоки 110-96
Оклахома – Филаделфија 122-112
Торонто – ЛА Лејкерс 123-111
Кливленд – Детроит 121-104
Сан Антонио – Сакраменто 113-98