Дома Останати Кошарка Видео кое покажува со каква болест се бори Џоел Ембид 🎥

Видео кое покажува со каква болест се бори Џоел Ембид 🎥

По личниот рекорд во плејофот од 50 поени, Џоел Ембиид на прес-конференција објави дека се бори со Белова парализа, болест која ги погодува мускулите на лицето.

„Мојата лева страна од лицето, устата и окото некогаш се целосно парализирани. Тешко е, но не се откажувам. Ќе се борам и покрај се“, изјави Ембид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На видеото објавено на социјалните мрежи од ТВ преносот и може да се забележи како Ембид трепка само со едното око.

Камерунецот изјави дека проблемите настанале во периодот на плеј-ин натпреварот против Мајами.

Причината за Белова парализа не е целосно позната, но се верува дека е предизвикана од вирусна инфекција која предизвикува отекување на фацијалниот нерв.

Може да се појави на која било возраст, но најчесто се јавува околу 40-тата година и кај мажите и кај жените. Секоја година, 15 до 30 од 100.000 луѓе заболуваат од оваа болест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“: Серхио Рамос во Премиер лигата

Легендарниот дефанзивец Серхио Рамос би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. …