Дома Фудбал Германија Видео: Келн поразен, Дортмунд доби нов миленик – Мичу Батшуаи!

Видео: Келн поразен, Дортмунд доби нов миленик – Мичу Батшуаи!

Во рамките од 21 коло во Бундес лигата во терминот од 20:45 часот својот натпревар го одиграа екипите на Келн и Борусија Дортмунд.

Во овој натпревар за Борусија дебитираше и новото засилување Мичу Батшуаи кој пристигна како замена за Пјер-Емерик Обамејанг на позајмица до крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму Батшуаи беше еден од најзаслужните за денешната победа на „милионерите“ од 2:3.

Батшуаи најпрво погоди во 35 минута од натпреварот и со неговиот погодок Борусија замине со предност на полувремето.

На истекот на еден час игра Золер изедначи, а само две минути подоцна Батшуаи со својот втор погодок на натпреварот ја врати предноста на „милионерите“. Домаќините изедначија преку Мере во 70 минута, а за победа и три бода за гостите од Дортмунд погоди Андре Шурле во 84 минута од средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Еден клуб е во голем проблем: Се подготвува голема промена во Премиер лигата?!

Менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер изгледа дека ќе го напушти клубот од Лондон на к…