Дома Фудбал Останато Видео: Катар е новиот фудбалски владетел на Азија

Видео: Катар е новиот фудбалски владетел на Азија

Фудбалската репрезентација на Катар е новиот шампион на Азија, откако во финалето ја победи Јапонија со 3:1.

Катарците триумфот во финалето го најавија со два гола уште во првото полувреме. Најпрво погоди Алмоез во 12-та минута, а потоа и Хатим зголеми на 2-0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јапонија се врати резултатски во мечот дури во 69-та минута кога Такуми Минамино погоди за 2:1. Меѓутоа, 83-та минута Афиф Акрам го реши победниот откако погоди за 3:1.

https://youtu.be/Ma6um-P33tU

За Јапонија, која е најтрофеен тим на Азискиот Куп, ова беше прво загубено финале во историјата, додека Катарците испишаа историја и ја освоија првата титула во Азија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните избраа: Ова се десет најголеми разочарувања во Премиер лигата од почетокот на сезоната

Иако сезоната во Премиер лигата 2025/26 штотуку започна, веќе можеме да ги почувствуваме г…