Дома Останати Кошарка Видео: Кари фанатастичен, Дурант до нов дабл-дабл, Бостон славеше во дербито

Видео: Кари фанатастичен, Дурант до нов дабл-дабл, Бостон славеше во дербито

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 12 натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во дерби натпреварот на домашен терен Бостон славеше против Кливленд со резултат 102:88. Тери Розер со 20 поени, четири скока и три асистенции беше најдобар во тимот на Селтикси, додека во редовите на Кливленд тоа беше Леброн Џејмс со 19 поени, седум скокови и шест асистенции.

Кошаркарите на Хјустон во Орландо славеа со резултат 116:98. Во тимот на Рокетс го немаше повредениот Џејмс Харден, но се истакнаа Гералд Грин со 27 поени, шест скокови и две асистенции, како и Клинт Капел со 21 поен и осум скокови.

Оклахома забележа победа во Лос Анџелес против Лејкерси со 96:133. Најдобар во редовите на Оклахома беше Пол Џорџ со 24 поени, два скока и три асистенции и Теренес Фергусон со 24 поени, еден скок и една систенција, додека Расел Вестбрук постигна дабл-дабл со 20 поени, шест скокови и 12 асистенции.

Голден Стејт во Далас славеше против Маверикс со 125:122. Стеф Кари со 32 поени, пет скокови и осум скокови ги предводеше Вориорси до победа, а следеа Дурант со 25 поени, 12 скокови и шест асистенции, како и Клеј Томпсон со 25 поени, пет скокови и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…