Дома Останати ВИДЕО: Кабиб се појави пред навивачите и беше пречекан како „крал“

ВИДЕО: Кабиб се појави пред навивачите и беше пречекан како „крал“

Кабиб Нурмагомедов изминатиот викенд во големата борба против Конор Мекгрегор излезе како победник и го одбрани појасот во лесна категорија.

За Дагестанецот тоа баше 27 победа во УФЦ (27:0), после која скокна во рингот и нападна еден од тренерите на Конор со што предизвика огромен хаос.
Шефот на УФЦ Дан Вајт најави казни за Кабиб, но откри дека Конор веќе побарал реванш.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во меѓувреме, Нурмагомедов се врати дома, а на стадионот на Анжи Махачкала му беше приреден пречек. Огромен број фанови пристигнаа да го видат својот идол, а некои од нив во еден момент ја прескокнаа оградата за да бидат поблиску.

Кабиб во своето обраќање им се извини на навивачите поради инцидентот после завршувањето на борбата.

„Се надевам дека никого не повредив со она што го направив после борбата. Се обидов да се воздржам, но не успеав“, изјави Кабиб кој потоа доби големи овации кога го покажа својот појас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…