Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Играчите на Јувентус ја уништуваа белата точка пред Роналдо да го изведе пеналот

Видео: Играчите на Јувентус ја уништуваа белата точка пред Роналдо да го изведе пеналот

Главна тема во спортските медиуми и понатаму е досудениот пенал кој Кристиано Роналдо го претвори во погодок и го одведе Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Фудбалскиот свет е поделен околу одлуката на судијата Мајкл Оливер. Секако шпанските медиуми кои се наклонети кон Реал објавуваа дека пеналот е „чист како солза“, додека Италијанците овој натпревар го обележија како „кражба на векот“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Два дена после натпреварот на интернет се појави снимка на која може да се види како играчите на Јувентус, поточно Киелини, Лихштајнер и Шчесни со копачките ја уништуваат белата точка, пред Роналдо да го изведе пеналот.

Тоа беше забележано од Васкез и Асенсио кои веднаш пријавија кај главниот судија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Алонсо доби ужасни вести: Ѕвезда на Реал три месеци надвор од теренот, ќе пропушти 17 натпревари

Многу лоши вести пристигнаа денес за навивачите на Реал Мадрид, но и за тренерот на овој т…