Со почеток во 18:55 часот својот натпревар од второто коло во Лигата на шампионите го одиграа Пари Сен Жермен и Црвена Звезда, а на оваа средба „светците“ буквално покажаа „кој е кој“.
ПСЖ до врв ја наполни мрежата на Звезда и славеше убедлива победа од 6:1 во која блескаше најскапиот играч во светот Нејмар.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Нејмар го отвори натпреварот уште во 20-тата минута со мајсториски изведен слободен удар, само две минути подоцна, Бразилецот постигна нов погодок после асистенцијата од Мбапе. До крајот на првиот дел погодуваа уште Кавани и Ди Марија за веќе убедливи 4:0 после 45 минути игра.
Во вториот дел кога веќе беше јасно дека Звезда нема што да бара во Париз и нема да има сили за изненадување видовме уште три нови погодоци.
Два постигнаа „светците“ и тоа преку Мбапе и Нејмар во финишот кога ја затвори голеадата онака како и што ја отвори – со нов гол од слободен удар.
Претходно Марко Марин го постигне голот на утеха за Црвена Звезда.
За ПСЖ ова е прва победа во новата сезона од најелитното натпреварување откако во првото коло беа поразени од Ливерпул.
Во вториот натпревар, Шалке со 0:1 славеше на гостувањето кај Локомотив Москва.