Дома Фудбал Видео: Еибар не издржа, два погодоци на Роналдо и победа „кралевите“

Видео: Еибар не издржа, два погодоци на Роналдо и победа „кралевите“

Реал Мадрид денес со почеток од 13:00 часот го одигра својот натпревар од 28 коло во шпанската Примера.

Како и што навикнавме веќе оваа сезона, еден тим на Реал Мадрид гледаме во Лигата на шампионите, а сосема друг во Ла Лига. „Кралевите“ денес потешко од очекувањата стигнаа до победа против Еибар од 1:2.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Зинедин Зидан за овој натпревар иако претходно застана во одбрана на Карим Бензема, Французинот го остави на клупата за резерви. Реал прв стигна до предност преку Кристиано Роналдо кој ја погоди мрежата после маестралната долга топка од Лука Модриќ.

Еибар до изедначување стигна после пет минути игра во вториот дел. Поранешниот фудбалер на Реал, Педро Леон нафрли од корнер, а највисок во шеснаесетникот беше Рамис кој со глава ја погоди мрежата на Навас.

За победа на Реал Мадрид, погоди Роналдо кој го постигна својот втор погодок на натпреварот во 84 минута од средбата.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе ја доби „Златната копачка“ и изјави: Сакам повторно да ја освојам и да останам во Реал уште многу години

Ѕвездата на Реал Мадрид Килиан Мбапе ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стреле…