Расправата околу тоа дали е подобар Меси или Роналдо ќе трае вечно и тука нема дилеми и едниот и другиот имаат свои аргументи, но ние фудбалските фанови можеме да бидеме среќни што живееме во ерата на двајца такви генијалци.
Меси во вчерашниот натпревар буквално го уништи Челзи, постигна два погодоци и запиша една асистенција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Воодушевен од неговиот настап беше и Рио Фердинанд кој во студиото на „BT Sport“ беше снимен како ги слави неговите погодоци (погледнете тука), а еден од најдобрите дефанзивци после натпреварот ја објасни разликата помеѓу Меси и Роналдо.
„Роналдо изглегува на теренот и вели: „дајте ми ја топката во зоните во кои можат да постигнам гол“. Тој е роден стрелец, убиец. Него не го интересира ритамот на натпреварот, не се враќа назад, тој само сака да биде на вистинско место во вистински време. Од друга страна Меси ќе го видите на својата половина како освојува топки, одигра дупли пасови поигрувајќи се со противникот и чекајќи момент да го зададе завршниот удар. Тој го контролира ритамот на натпреварот и тоа е основата разлика помеѓу нив“, изјави Фердинанд кој со Роналдо играше во Манчестер Јунајтед, против Меси настапуваше во финалето од Лигата на шампионите во 2009 и 2011 година.
Rio Ferdinand on the greatest player of all time.? pic.twitter.com/d5A3LXeqBd
— Maria (@WayTooMessi) March 15, 2018
"For other players, more normal players, it can get fuzzy up there. He plays in pure HD."@rioferdy5 on what makes Lionel Messi so special in the final third ?
Over 600 career goals and counting… pic.twitter.com/QTbRubRsXL
— Football on BT Sport (@btsportfootball) March 14, 2018
„На ниту еден од тие натпревари не му бев блиску. Елементот изненадување кај Меси е неверојатен. Го чуваш, тој ја прима топката, ти очекуваш да има еден допир, а тој со два, три целосно те исфрла од игра. Неверојатно. Во ситуациите во кои останатите фудбалери имаат малку заматен преглед на натпреварот, тој констатно игра во HD резолуција“, изјави Фердинанд.