Дома Видео Видео: Еве како Рамос бараше дозвола од клупата да добие жолт картон

Видео: Еве како Рамос бараше дозвола од клупата да добие жолт картон

На интернет се појави видео на кое јасно се гледа дека Серхио Рамос бара дозвола од клупата на Реал за да добие жолт картон.

Со тоа капитенот на Реал Мадрид ќе го пропушти реванш натпреварот на Бернабеу. Сепак, Рамос може да добие два меча суспензија наместо еден откако самиот сугерираше дека намерно заработил жолт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште додека играчите на Реал се враќаа на својата половина по водството во 87. минута, Серхио Рамос се консултираше со Начо, Касемиро и Модриќ дали да „пожолти“, а потоа им свирна на луѓето од клупата и побара дозвола: „Да изнудам жолт?“.

Веднаш потоа, Серхио Рамос непотребно го фаулира Долберг на средината од теренот, па Скомина немаше друга опција освен да му покаже картон на Шпанецот.

Инаку, Рамос после натпреварот призна дека намерно добил жолт картон.

„Би излажал ако кажам дека не добив жолт картон намерно. Не сакам да го потценам Ајакс и да кажам дека се е завршено, но ми треба и малку одмор. Реваншот во Мадрид ќе го гледам од трибините“, изјави Рамос.

Ова е крајно непромислена изјава на капитенот на Реал Мадрид и постојат реални шанси Европската куќа на фудбалот (УЕФА) да одредени суспензија Шпанецот.

Дополнителна најава дека Рамос ќе биде казнет е тоа што капитенот на Порто, Хесус Корона кој во групната фаза призна дека намерно заработил жолт картон и беше казнет од страна на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…