Дома Фудбал Лига на шампиони Рамос призна дека намерно добил жолт картон – ако правилата важат за сите ќе биде казнет!

Рамос призна дека намерно добил жолт картон – ако правилата важат за сите ќе биде казнет!

0
ramos

Реал Мадрид вчера ја оправда фаворитската улога и славеше победа против Ајакс во Амстердам со 1:2.

Овој натпревар беше од големо значење за капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос кој го одигра 600-тиот натпревар во дресот на шпанскиот гигант.

Меѓутоа поради она што Рамос го направи во овој натпревар би можел да заработи суспензија.

Самиот Рамос после натпреварот призна дека намерно добил жолт картон.

„Би излажал ако кажам дека не добив жолт картон намерно. Не сакам да го потценам Ајакс и да кажам дека се е завршено, но ми треба и малку одмор. Реваншот во Мадрид ќе го гледам од трибините“, изјави Рамос.

Ова е крајно непромислена изјава на капитенот на Реал Мадрид и постојат реални шанси Европската куќа на фудбалот (УЕФА) да одредени суспензија Шпанецот.

Дополнителна најава дека Рамос ќе биде казнет е тоа што капитенот на Порто, Хесус Корона кој во групната фаза призна дека намерно заработил жолт картон беше казнет од страна на УЕФА.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Невил: Не знам што се случи, но Санчез треба да го напушти Јунајтед што побрзо

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил е еден од оние кои се среќни поради …