Хјустон Рокетси стигнаа до осмата победа во низа славејќи на гостувањето кај Јута со 112:101 и во овој момент се лидери на Западот.
Од кога се врати Крис Пол се функционира одлично во една од најсилните екипи во лигата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Иако Џејмс Харден беше најдобар стрелец на Рокетси со 29 поени, шоуто сепак му го „украде“ Пол исто така одигра одлично. Постигна 18 поени, запиша 9 скокови и подели 13 асистенции за 36 минути колку што помина на паркетот, а најголемо внимание беше потегот во контрата во која настрада Алец Буркс.
Во продолжение погледнете го потегот на Буркс…
Chris Paul just son’d Burks #Rockets
(Via @clippittv) pic.twitter.com/Eb57bfoPUg— Def Pen Hoops (@DefPenHoops) December 8, 2017