Кливленд и Голден Стејт се најголеми фаворити за титулата во НБА лигата оваа сезона, а својата моќ овие два тима ја демонстрираа изминатата ноќ во дуелите со Портланд односно ЛА Лејкерс.
Лејкерси дадоа повеќе од 100 поени а загубија со 43 разлика на гостувањето кај Голден Стејт. Речиси една петина од кошевите отпаднаа на одличниот Стеф Кари. На паркетот мина 29 минути и за тоа време даде 31 поен и подели девет асистенции.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исклучително расположени за игра беа и Кевин Дурент (28 поени) и Клеј Томпсон (26). Триото Инграм, Вилијамс и Кларксон запишаа по 16 коша за „езерџиите“ кои во две од четирите периоди во средбата примија над 40 поени.
Кливленд славеше над Портланд 137:125, а мечот целосно мина во знакот на Кевин Лав, иако Леброн Џејмс забележа трипл дабл (31 поен, 10 скока, 13 асистенции). Лав во првата четвртина постигна 34 поени, три повеќе од целиот тим на Портланд, а мечот го заврши со 40 поени.
Резултати:
Шарлот – Сан Антонио 114:119
Кливленд – Портланд 137:125
Индијана – Атланта 85:96
Орландо – Феникс 87:92
Филаделфија – Мемфис 99:104
Бруклин – Бостон 92:111
Детроит – Мајами 107:84
Хјустон – Торонто 102:115
Далас – ЛА Клиперс 104:124
Њу Орлеанс – Минесота 117:96
Голден стејт – ЛА Лејкерс 149:106
Сакраменто – Оклахома 116:101