Динамо Загреб без нашиот Адеми во тимот успеа да стигне до важна победа против Бефика (1:0) во првиот осминафинален меч од Лига Европа. „Топџиите“ доживеаа тежок пораз во Франција.
Македонскиот репрезентативец поради повреда го пропушти мечот против португалскиот гигант Бенфика, но неговите соиграчи успеаа да стигнат до голема победа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првата шанса ја имаа гостите, но Громалдо не успеа да го совлада голманот на Динамо. На десетина минути пред крајот на првиот дел судијата покажа на белата точка,а сигурен резлизатор беше Дани Олмо. Во второто полувреме Бенфика ја имаше топката во свои нозе, но не успеа да постигне гол.
Dinamo vodi protiv Benfice!!! pic.twitter.com/OcvqgW9bf3
— SportSport.ba (@sportsport) March 7, 2019
Арсенал доживеа тежок пораз на гостувањето кај Рен од 3:1. Мечот почна одлично за „топџиите“ кои поведа во 3-та минута преку Ивоби. Меѓутоа, во 41-та минута Сократис доби црвен картон, а една минута подоцна Рен го израмни резултатот. Во вториот дел домаќините ја искористија бројчаната предност и постигнаа уште два гола.
Во Франкфурт мечот помеѓу Ајнтрахт и Интер заврши без голови, но гостите од Милано можат да жалаат бидејќи Брозовиќ промаши пенал во првото полувреме.
Севиља не успеа да оствари предност пред својата публика и одигра 2:2 против Славија Прага. Додека Виљареал оствари голема победа на гостувањето кај Зенит од 1:3.