Дома Останати Кошарка Видео: Бостон избори финале и закажа спектакл со Кливленд!

Видео: Бостон избори финале и закажа спектакл со Кливленд!

Кошаркарите на Бостон Селтикс изборија пласман во финалето, во Источната конференција во НБА лигата, откако во седмиот решавачки натпревар забележа победа над Вашингтон Визардс 115:105.

Бостон, мајсотрката против Вашингтон, ја реши во последните неколку минути, откако претходно неговите играчи испуштија предност од 13 поени. При резултат 101:97, Селтикс со серија 9:3 го решија прашањето на победникот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Неочекувано, херој на Бостон е Кели Олиник, кој постигна рекордни во кариерата 26 поени. Најефикасен кај победникот беше Ајзеа Томас со 29 поени и 12 асистенции.

На Вашингтон не му помогна ниту брилијантниот Бредли Бил кој мечот го заврши со 38 поени, додека мечот со двоен ефект го завршија Ото Портер јуниор (20 поени, 10 скокови) и Џон Вол (18 поени, 11 асистенции).

Бостон во финалето на Истокот ќе игра против актуелниот првак Кливленд. Првите два меча се играат во Бостон на 18 и 20 мај, а потоа два натпревари ќе се играат на теренот на Кливленд на 22 и 24 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …