Контроверзниот Џои Бартон доживеа пораз како менаџер на Флитвуд на гостувањето кај Барнсли, а по крајот на мечот предизвика сериозен инцидент.
Имено, Бартон физички го нападнал противничкиот менаџер Даниел Стендел, по што му нанел телесни повреди и го раскрварел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Полицијата на Јоркшир потврди дека го истражува инцидентот кој се случил во тунелот по мечот Барнсли-Флитвуд кој заврши со резултат 4:2.
Стјуардите и полицијата едвај спречиле ескалација на целата ситуација, а по сето ова Бартон се обидел и да избега со својот автомобил, но беше запрен во последен час од страна на полицијата.
Police stopped Joey Barton from leaving Oakwell as they investigate an alleged assault by the Fleetwood manager on Barnsley boss Daniel Stendel
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 13, 2019
Ова е само еден од низата на инцидентите кои ја одбележија кариерата на Бартон, но повеќето се случија додека тој беше фудбалер. Во декември 2004 година, тој изгасна цигара од окото на својот тогашен колега од Манчестер Сити, Џејми Танди, кој подоцна го тужеше Бартон и доби 65.000 фунти отштета.
Бартон во 2017 добива 18-месечна суспензија откако призна дека се обложувал на голем број на фудбалски мечеви.