Дома Фудбал Репрезентации ВИДЕО: Барди отвори со мајсторија, точка стави Несторовски – Македонија на чекор од плејофот од Лигата на Нации!

ВИДЕО: Барди отвори со мајсторија, точка стави Несторовски – Македонија на чекор од плејофот од Лигата на Нации!

Репрезентацијата на Македонија денес го одигра натпреварот од предпоследното коло од групната фаза против Лихтенштајн.

Избраниците на Игор Ангеловски во на гостувањето во Вадуц ја оправдаа фаворитската улога и запишаа победа против Лихтенштајн 0:2. Со оваа победа стигнавме на чекор од обезбедување пласман во плејофот во Лигата на Нации.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ангеловски стартуваше со четири напаѓачи, па очекувавме офанзивна игра.  Иако имавме контрола во текот на целиот натпревар изгледаше како да не мислиме премногу на противничкиот гол.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 53-тата минута кога Енис Барди постигна мајсторски гол од слободен удар. При прекршокот од кој Барди го совлада голманот на Лихтенштајн гостите останаа и со играч помалку, втор жолт картон заработи Виесер.

Горан Пандев ја погоди стативата со еден волеј удар, додека точка на натпреварот стави Илија Несторовски во 91-та минута од натпреварот.

Треба да се истакне и дека нашиот капитен заработи жолт картон поради кој ќе го пропушти следниот натпревар против Гибралтар кој требаше да биде негов 100-ти во репрезентативниот дрес.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…