Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Баерн водеше, Реал и „без“ Роналдо стигна до пресврт тука беа – Марсело и Асенсио

Видео: Баерн водеше, Реал и „без“ Роналдо стигна до пресврт тука беа – Марсело и Асенсио

Вечерва во рамките од полуфиналето во Минхен се одигра првиот натпревар од двомечот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Реал иако не одигра на своето ниво сепак успеа да стигне до важна победа пред реваншот на свој терен. „Кралевите“ славеа со 1:2.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Баерн Минхен тргна повеќе офанзивно и создаваше повеќе прилики, а тоа им се исплатеше во 28 минута. Џошуа Кимих ја искористи својата брзина и успеа да постигне убав погодок за предност од 1:0.

По голот работите не се променија многу, а Реал практично без игра успеа да стигне до изедначување. Стрелец на голот беше Марсело на две минути пред истекот на полувремето.

Во вториот дел следуваше помирна игра и од двата клуба. Гостинот од Мадрид до вториот гол стигна по едно катастрофално додавање во средината на теренот. Егзекутор во овој случај беше човекот кој во игра влезе во второто полувреме на местото Иско – Марко Асенсио.

На крајот овој погодок се и како одлучувачки, па Реал ќе го пречека Баерн солидна предност.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јамал ја изневерил девојката со позната инфлуенсерка од Италија?

Шпанските медиуми крајот на 2024 година го поврзуваа Ламин Јамал со италијанската инфлуенс…