Дома Македонски спорт Видео:„Гастербајтерите“ неефикасни – Алиоски асистент, Махмудов единствен стрелец

Видео:„Гастербајтерите“ неефикасни – Алиоски асистент, Махмудов единствен стрелец

Спортски.мк повторно ви ја претставува рубриката „Македонци низ светот“, односно ви го пренесуваме учинокот од викендот на дел од нашите „Гастербајтери“ кои ги бранат боите на клубови надвор од границите на нашата земја.

ИТАЛИЈА


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Илија Несторовски и Александар Трајковски ги одиграа сите 90 минути во ремито на Палермо на гостински терен против Фоџа од 0:0.

Горан Пандев ги одигра сите 90 минути во поразот на Џенова (2:0) на гостувањето против Болоња.

АНГЛИЈА

Eгзијан Алиоски после голот минатиот викенд, овој пат имаше голем придонес во победата на Лидс во натпреварот против Брентфорд на домашен од 1:0. Алиоски беше асистент на единствениот гол на натпреварот. Неколку моменти пред погодокот Алиоски влезе во бележникот на главниот судија со заработениот жолт картон, Погледнете ја асистенцијата на Алиоски.

ШПАНИЈА

Столе Димитриевски во втората шпанска лига одигра 90 минути и прими еден погодок во ремито (1:1) на неговиот Гимнастик и Барселона Б.

Леванте на Енис Барди денес го игра натпреварот на свој терен против Реал Бетис.

ТУРЦИЈА

Aдис Јаховиќ одигра 90 минути во поразот Коњаспор на гостувањето кај Акишар од 3:0.

Eлиф Елмас не беше во составот на Фенербахче кој запиша пораз од 3:1 на гости кај турскиот шампион Бешикташ.

УНГАРИЈА

Стефан Спировски одигра 90 минути во победата на неговиот Френцварош против Будапест Хонвед од 5:2. Спировски на оваа средба заработи и жолт картон.

Kире Ристевски одигра 90 минути за тимот на Васас кој загуби на гостувањето против Видеотон. Ристевски како и Спировски заработи жолт картон. Во редовите на Видеотон дебитираше фудбалерот кој оваа зима го напушти Вардар, Бобан Николов.

Дејан Трајковски одигра 90 минути во ремито 0:0 на Пушкаш Академија против Мезоковедс

ПОРТУГАЛИЈА

Стефан Ристовски и Спортинг денес го играат натпреварот на домашен против Мореиренсе

KИПАР

Александар Дамчевски одигра 90 минути во победата на Ермис против Арис Лимасол од 4:1. На другата страна Един Нурединовски беше заменет во 73 минтуа од средбата, додека Влатко Дробаров не беше во составот.

Даниел Мојсов и Иван Тричковски одиграа 90 минути во ремито на АЕК Ларанка против Пафос (1:1)

Мартин Богатинов прими четири погодоци во поразот на неговиот Етникос против Аполон (1:4)

Давор Здравковски не беше во тимот на АЕЛ Лимасол кој загуби 0:1 од Анортозис.

ГРЦИЈА

Мите Цикарски одигра 90 минути за тимот на ПАС Гианина кој ремизираше 0:0 против Левадиакос.

БЕЛГИЈА

Гојко Зајков беше во составот на Чарлерои кој ремизираше на гостувањето против Мехелен (1:1), но не доби шанса за настап.

Jован Костовски беше во тимот на Леувен кој славеше на гостувањето против Лиерсе (0:1), но и тој не одигра ниту една минута.

БиХ

Kрсте Велковски одигра 64 минути во ремито на Сараево (0:0) во натпреварот против Радник, додека Марјан Алтипармаковски кој во последниот преоден рок му се придружи на Велковски не доби шанса за настап.

Aлександар Лазевски одигра 90 минути во поразот на Слобода на гостувањето против Железничар (1:0).

ХРВАТСКА

Мирко Ивановски 90 минути и заработи жолт картон во победата на Славен Белупо против Хајдук Сплит. (0:1) Цел натпревар за Славен Белупо одигра и Томе Китановски кој овој јануари го засили тимот на Ивановски.

Натпреварот помеѓу Ријека (Леонард Жута) и Динамо Загреб (Арјан Адеми) поради лошите временски услови беше одложен.

Музафер Ејупи со својот Осијек утре го игра натпреварот против Локомотива.

ХОЛАНДИЈА

Денис Махмудов беше стрелец на единствениот погодок за Дордрехт кој славеше со 0:1 на гостувањето кај Ајтховен, додека Антонио Станков не беше повикан за оваа средба.

ПОЛСКА

Aлександар Тородовски не беше во составот на Заглебие кој одигра 0:0 против тимот на Арка Гдина.

РОМАНИЈА

Милован Петровиќ одигра 90 минути во поразот на Сепси на гостувањето против фаворизираната Стеауа.

СРБИЈА

Aлекса Амановиќ и Филип Ристовски одиграа 90 минути во победата на Јавор од 3:0 во натпреварот против Младост. Амановиќ во финишот од средбата заработи и жолт картон.

Дестан Хаџиџи не беше во составот на Борац кој ремизираше на домашен терен против Раднички (1:1)

СЛОВАЧКА

Тихомир Костадинов денес со својот Ружемборк на домашен го пречекува тиот на Нитра.

СЛОВЕНИЈА

Натпреварот помеѓу Рудар и Домажале (Агим Ибраими и Зени Хусмани) беше одложен.

ШВАЈЦАРИЈА

Дејан Стојановиќ бранеше 90 минути во победата на Сент Гален на домашен терен против Лугано (3:0).

Никола Ѓоргев дебитираше за тимот на Арау каде што пристигна како позајмен фудбалер. Неговиот тим запиша пораз од 4:0, Ѓоргев одигра 69 минути.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот ја заврши кариерата

Со завршувањето на сезоната 2023/24 официјално заврши професионалната кариера на еден од н…