Дома Фудбал Останато Веќе се тресе столчето на Чави: Лапорта има три кандидати за негов наследник

Веќе се тресе столчето на Чави: Лапорта има три кандидати за негов наследник

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не е задоволен од резултатите на Чави Ернандез, па веќе почна да се пишува за можен негов наследник. Денес „Ел Насионал“ пренесува дека Лапорта има три опции за негов наследник.

Според најавите ако нешто не се промени Лапорта ќе му даде отказ на Чави. Барселона е на раб на елиминација од Лигата на шампионите и само чудо може да ја спаси да се пласира во следната фаза, додека во Ла Лига после поразот од Реал Мадрид заостанува три бода зад големиот ривал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Информациите на „Ел Насионал“ се дека Чави има три желби за можен наследник, а тоа се Томас Тухел кој неодамна си замина од Челзи, Гаљардо од Ривер Плата, додека последен е Јирген Клоп кој после лошите резултати на клубот од „Енфилд“ не е толку сигурен во Ливерпул.

Како и да е Чави сигурно ќе има време барем некое коло по Мундијалот во Катар да го насочи тимот на вистинскиот пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…