Дома Фудбал Веќе е познато кој ќе го наследи Сетиен во Барселона?

Веќе е познато кој ќе го наследи Сетиен во Барселона?

Кике Сетиен скоро сигурно нема да ја води Барселона во наредната сезона.

Овој 61 годишен стратег во јануари дојде на местото на Ернесто Валверде, меѓутоа најголем дел од навивачите не се задоволни од тоа како тој ја води Барселона, а и резултатите не се на негова страна.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сетиен ја испушти предноста над Реал Мадрид и Барса сега е четири бода зад големиот ривал за титулата и се поизвесно е дека наредната сезона Сетиен нема да го гледаме на клупата.

Не е исклучена можноста Сетиен да замине и пред крајот на сезона со тоа што привремено би го заменик Гарсија Пиементо, додека од наредната на клупата на Каталонците може да седне Чави Ернандез.

Легендата на клубот од „Камп Ноу“ според она што се пишува ов шпанските медиуми постигнал договор и ќе го гледаме на клупата на Барселона. Чави во овој момент го води катарскиот Ал Сад каде што во 2019 година ја заврши професионалната играчка кариера, а беше кандидат и за клупата на Барселона кога заминуваше Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарно: На хрватски клуб му ја украдоа косилката – немаме пари за нова!

Фудбалскиот клуб Градиќи, учесник во 4. НЛ Средиште, остана без трактор-косилка, која е не…