33-годишниот репрезентативец на Германија, Тони Крос за првпат раскажа како се откажал од алкохолот кога имал 22 години, а причина бил поразот од Челзи во финалето во Лигата на шампионите.
Во сезоната 2011/2012 година Челзи ја освои Лигата на шампионите откако во финалето го победи Баерн. Крос тогаш имаше 22 години и на тој натпревар играше од првата минута. Поразот му паднал прилично тешко. Во подкастот кој го направи неодамна Крос раскажа како после мечот својот бес сакал да го „лекува“ со алкохол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После финалето против Челз иво ЛШ се сеќавам дека бев многу тажен. Во тој момент одлучив да испијам повеќе текили и така да го намалам бесот. Земав текила затоа што тоа беше единствениот алкохолен пијалак кој го сакав. Пиев цела вечер. Наредниот ден не ми беше ниту малку добро, не можев да отворам очи, ниту да јадам…Тогаш сфатив дека алкхолот не е добар и престанав да пијам“, раскажа Крос.
Крос во кариерата со Реал има две титули во Ла Лига и дури четири трофеи во Лигата на шампиони, но и четири светски клупски првенства, како и уште два европски Суперкупа. Претходно со Баерн три пати беше шампион на Германија и ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2012/2013.