Аргентинскиот фудбалер Гвидо Родригез (30) потпиша двегодишен договор со Вест Хем.
Играчот од средниот ред пристигна во лондонскиот клуб како слободен играч, откако му истече договорот со Бетис, каде играше четири и пол години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој потпиша двегодишен договор со „чеканите“, со можност за продолжување на соработката уште една година, објави „Скај“.
“Среќен сум што сум тука. Мислам дека сонот на секој фудбалер е да игра во Премиер лигата и бев многу возбуден кога слушнав дека Вест Хем е заинтересиран за мене. Ова е историски клуб кој има интересен проект. Мислам тоа е вистинскиот клуб за мене во вистинско време и се надевам дека ќе растеме заедно“, рече Родригез.
Родригез со Аргентина го освои Светското првенство во 2022 година и Копа Америка во 2021 година и оваа година со аргентинската репрезентација. За Вест Хем тој е шестото засилување во овој преоден рок.
Претходно клубот се засили со Макс Килман од Вулверхемптон, Луис Гилермо од Палмеирас, Крисенсио Самервил од Лидс, голманот Вес Фодерингам од Шефилд Јунајтед и Никлас Фулкруг од Борусија Дортмунд.
Сезоната во Премиер лигата Вест Хем ја стартува на 17. август со домашен натпревар против Астон Вила.