Екипата на Вест Хем полека создава тим кој ќе биде конкурентен за местата кои водат во Европа, иако во првото коло загубија од Манчестер Јунајтед со убедливи 4:0.
Во наредните 48 часа во клубот кој го предводи Славен Билиќ би требало да пристигне Вилијам Карваљо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карваљо би требало да биде играчот кој ќе донесе цврстина во средниот ред и ќе направи баланс во екипата.
Познато е дека овој фудбалер беше и мета на Јувентус и Арсенал, но „чеканите“ беа најупорни. Англиските медиуми пренесуваат дека управата на Вест Хем за Карваљо ќе плати 35 милиони евра.
Да потсетиме, пред Карваљо во клубот пристигнаа Џо Харт, Пабло Забалета, Марко Аранутовиќ и Чичарито.