Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.
Хјустон конечно ја прекина низата на порази и после неуспехот против Бруклин и Мајами славеше во Мемфис со 100:1007. Натпреварот од клупата го гледаше Расел Вестбрук, додека доминантен на паркетот беше Џејмс Харден. Мечот беше во егал се до половината на третата четвртина кога Марко Гудуриќ изедначи на 70:70. Рокетси тогаш направија серија од 11:0 после која не ја испуштаа контролата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Харден доминираше со 44 поени, десет скока и шест асистенции. Џорант кај Мемфис уфрли 23 поени.
Бруклин оствари победа против Њу Орлеанс од 135:125. Нетси од самиот почеток го контролираа резултатот, додека Њу Орлеанс одигра одлична трета четвртина. Тој дел од натпреварот Пеликанс го добија со 48:31 па се доближија на шест поени заостанување. Сепак, повеќе не можеа Кајри Ирвинг и Џо Херис беа на потребното ниво и обезбедија триумф за Бруклин.
Ирвинг натпреварот го заврши со 39 поени и девет асистенции, а Брендон Инграм кај Пеликанс имаше поен повеќе од Кајри што му беше рекорд на кариерата.
Десеткуваниот тим на Голден Стејт на свој паркет го доби Портланд со 127:118. На Вориорсите не им играше ни Дианџело Расел, но и покрај тоа констатно го водеа главниот збор во репризата на финалето на Западот минатата сезоната. Во поголемиот дел од натпреварот Вориорси имаа предност, но Портланд не им дозволуваше да се одлепат. Мечот беше решен на седум минути до крајот когап ри резултат 99:99, Голден Стејт направи серија од 12:0.
Ерик Паскал кај победничкиот тим уфрли 36 поени и додаде 13 скока, додека најефикасен на натпреварот беше Демијан Лилард со 39 поени.
НБА резултати:
Вашингтон – Детроит 115:99
Бруклин – Њу Орленс 135:125
Мемфис – Хјустон 100:107
Минесота – Милвоки 106:134
Феникс – Филаделфија 114:109
Голден Стејт – Портланд 127:118