Денес изминуваат 27 години од собраќајната несреќа кај Инглоштад во која животот го загуби легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ.
Дражен по натпреварот на 6. јуни во квалификациите за Хрватска против Словенија бил единствениот од репрезентација кој решил да не преспие во Врцолав (Полска) и со својата девојка Клара Салатни со автомобил тој се упатил за Франкфурт. Кај Инглоштад Клара удрила во камион, таа ја преживеала несреќата, но Дражен кој спиел во тие моменти не го преживеал ударот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веста за неговата смрт на мајката на Дражен била пренесена од Македонка.
„На тој 7. јуни чекав Дражен да ми се јави. Секогаш во еден дел од патот ми се јавуваше. Заѕвоне телефонот, помислив дека е тој но не беше така. Добив повик од Германија од некоја Македонка, нејзиниот глас ќе го паметам додека сум жива. На хрватски прво ме праша дали тоа е домот на Дражен, а потоа ми кажа дека загинал во собраќајна несреќа. Почнав да плачам, слушалката ми падна од раце и во таква состојба тргнав кон балконот, за среќа со мене беше мојот сопруг кој ме спаси“, раскажа Бисерка во едно интервју.