Дома Фудбал Останато Верати се предомисли: Не мора да си одам од Париз…

Верати се предомисли: Не мора да си одам од Париз…

Играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати изјави дека би бил задоволен со останување во Франција, доколку управата на клубот успее да „направи шампионски тим“.

Италијанскиот фудбалер веќе неколку недели е во центарот на вниманието поради изразената желба да игра за Барселона, која наводно е подготвена неговиот договор да го откупи за 100 милиони евра. Сепак, по бројните пораки кој ги изјавуваше дека сака да заигра со Меси, Верати ја спушти топката.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


„Не морам да одам од Париз по секоја цена. Сакам да видам дали клубот овој пат ќе доведе играчи со кои шампионските амбиции ќе изгледаат реални. Во тој случај, би бил среќен да останам. Секоја година велат дека ќе направат одличен тим, но ги гледаме резултатите. Ветувањата не се доволни. Доколку ова лето се остварат, со задоволство ќе останам. Никој не ме тера да си заминам“, изјави Верати кој има договор со Парижаните до 2021. година.

24-годишниот Италијанец од 2012. година настапува за ПСЖ, а со „светците“ осои 15 трофеи, вклучувајќи и четири национални титули. Се шпекулира дека неодамна одбил да го продолжи договорот, со кој би заработувал 12 милиони по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херојот на Италија по драмата со Хрватска: Голот? Дел Пјеро беше мојот идол од детството

Хрватска до 98. минута имаше пласман во осминафиналето на ЕП, но не издржа. Во осмата мину…