Италиијанецот, Марко Верати константно се поврзува со заминување од редовите на ПСЖ.
Се споменуваше како потенцијално засилување на Јувентус и Барселона, а неговиот агент упорно тврдеше дека овие тимови се заинтересирани, идентично како и нивниот фудбалер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, Верати се појави на подготовките на ПСЖ, па имаше интересно интервју во кое неколку пати им се извини на сите од парискиот тим.
„Минав низ тежок период изминативе денови. Гледам дека мојот агент истакнал некои работи со кои јас не се согласувам. Тоа не се мои зборови и сакам да им се извинам на сите во клубот“, истакна италијанскиот фудбалер.
„Среќен сум во ПСЖ, сакам да останам овде, клубот ми верува и тоа го почитувам. Благодарение на клубот станав играч каков што сум денес. Се надевам дека вакви работи повеќе нема да се случуваат“, додаде Верати кој во текот на интервјуто константно им се извинуваше на сопствениците на клубот.