Иднината на Алексис Санчез е главна тема на Островот со оглед на фактот што Чилеанецот сеуште нема потпишано нов договор со Арсенал и големи се шансите дека ќе го напушти „Емирати“ ова лето.
Менаџерот Арсен Венгер сеуште верува дека Санчез ќе го продолжи договорот и ќе остане на „Емирати“, но доколку тоа не се случи, тој ги уверува фановите дека нема да биде продаден на ривал од Премиер лигата.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Се уште мислам дека Санчез ќе остане во Арсенал и дека ќе потпише нов договор. Но, и тоа да не се случи, клубот сигурно нема да го продаде на друг ривал од Премиер лигата. Во тоа фановите можат да бидат уверени“, изјави Венгер.
Иако долго време се шпекулираше дека ова ќе биде последната година за Венгер во Арсенал, сепак големи се шансите тој да остане бидејќи клубот му понуди двегодишен договор.
„Ќе видиме што ќе се случува во наредниот период. Јас работам и за сегашноста и за иднината. Тука сум многу време, но и мислам на клубот како да ќе останам уште многу долго. Сепак, сега фокусот ни е на завршницата од сезоната во Премиер лигата, и на финалето во ФА Купот“, истакна Венгер.