Дома Фудбал Останато Венгер се „отвори“: Грешка беше што останав 22 години во Арсенал, се чустував како затвореник…

Венгер се „отвори“: Грешка беше што останав 22 години во Арсенал, се чустував како затвореник…

wenger

Ерата на францускиот „професор“ помина, Арсенал полека се навикнува на живот без Арсен Венгер, а Арсен Венгер на секојдневие без „Емирати“.

Венгер во Лондон помина цели две децении, а сега откри дека такво нешто не би направил повторно. Французинот во разговор за француските медиуми порача дека направил голема грешка што бил толку долго тренер на Арсенал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мојата најголема грешка е што бев 22 години тренер на Арсенал. Јас сум човек кој сака да шета по светот. Се чуствував како затвореник во некој личен и луд предизвик. Сепак, верувам дека со Арсенал бев на работот на максимумот. Горд сум на тој проект“, порача Венгер.

Венгер во Лондон освои 17 трофеи, можеби не премногу, но факт дека произведе повеќе фантастичми фудбалери.

„Поминаа навистина многу одлични фудбалери. Тиери Анри беше нешто најдобро што ми се случи. Тој е убедливо најдобриот играч кој имав прилика да го тренирам. Имаше тука уште многу добро добри трансфери како што се Анелка, Кембел, Туре, Виера…За оние лошите денови не сакам да зборувам, за жал ги имаше многу“, заврши Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…