Дома Фудбал Англија Венгер потврди: Ова не е крај, ќе работам и после Арсенал!

Венгер потврди: Ова не е крај, ќе работам и после Арсенал!

Арсен Венгер денес пред медиумите призна дека одлуката да го напушти Арсенал после 22 година не била само негова.

Имено, Венгер пред неколку дена обелодени дека го напушта Арсенал на крајот на сезоната и тоа пред истекот на договорот.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


„Самиот момент на објавување на одлуката не беше моја одлука. Никој не ме праша што мислам за тоа“, изјави Венгер на пресконференцијата пред утрешниот меч со Атлетико.

Искусниот француски стратег не ни помислува да се пензионира после заминувањето од „Емирати“.

„Не знам каде ќе работам следната сезона, но сигурно ќе продолжам да работам како тренер. Горд сум на фактот што го давам максимумот за оваа работа и додека имам желба и сила ќе работам. Сакам да продолжам со оваа работа и да пробувам да победувам во секој следен натпревар“, јасен беше Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвезда на Манчестер сити не би се се двоумела да потпише за Реал Мадрид

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити би сакал да се приклучи на Реал Мадрид, според…