Дома Фудбал Останато Венгер: Новиот стил на живот е здодевен

Венгер: Новиот стил на живот е здодевен

Арсен Венгер по завршувањето на минатата сезона е слободен тренер и во моментов е без ангажман.

По 22 години поминати на клупата на Арсенал, Венгер минатото лето ја заврши својата кариера на „Емирати“ и одлучи да се одмори. Меѓутоа, изгледа дека овој начин на живот му е малку здодевен, барем така звучеше на последното интервју.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не се чувствувам како да сум во пензија, но ова веќе ме фрустрира и заморува. Јас по природа сум натпреварувач, таков човек сум и тоа ми недостасува во животот. Морам да признаам дека ми фали работата. Се разбира, не ми недостасуваат сите работите кои ги носи фудбалот, бидејќи убаво ми е без оној притисок кој го носев долго време. Но, не го завршив своето. Луѓето ве отпишуваат кога ќе дојдете во некои позрели години, но јас ќе продолжам се додека имам апетит за живот и за фудбал“, изјави Венгер.

Арсен Венгер, чија тренерска кариера траеше повеќе од 35 години додаде дека нема никаков контакт со Милан, иако неодамна се шпекулираше за тоа дека би можел да го превземе италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Идеалнaта екипа за 2025 година според FIFPRO

Здружението на професионални фудбалери FIFPRO објави во понеделникот идеални состави во ма…