Дома Фудбал Англија Венгер не си заминал сам, туку е отпуштен!?

Венгер не си заминал сам, туку е отпуштен!?

Легендата на Арсенал, Јан Рајт смета дека менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер не го напуштил клубот по своја желба.

Венгер во текот на вчерашниот ден потврди дека неговиот престој во лондонскиот клуб после 22 години завршува на крајот на оваа сезона.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Тиери Анри претходно истакна дека има помешани чуства и дека не очекувал дека Венгер ќе си замине сега. Имаше и дел од навивачите кои застанаа во одбрана на Венгер, но сепак поголемиот дел бараше тој да си замине.

„Арсен Венгер е човек со принципи и човек со интегритет. Поради тоа сум убеден дека не си поднел сам оставка“, изјави Рајт за „Евенинг Стандард“.

Рајт наведува дека Французиот би го издржал притисокот од навивачите и не би си заминал пред истекот од договорот.

„Претпоставувам дека нема да дознаеме кој е одговорен бидејќи одговорните секогаш ќе се кријат. Венгер имаше конференција за медиумите на која не најави ништо вакво, а веќе следниот ден објави дека заминува. Во секој случај може да ја подигне главата. Без оглед на тоа какви се неговите резултати треба да биде испратен како легенда на Арсенал“, смета Рајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендата на Рома пред враќање на тренерската рабта во Италија, но постои еден услов

Сампдорија разгледува опција за ангажирање на тренерот Даниеле Де Роси, но исклучиво докол…