Бившиот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека ќе ја продолжи кариерата и се надева наскоро да добие понуда од топ клуб.
Венгер после цели 22 години го напушти кормилото на „топџиите“, но вели дека му треба нов предизвик и е спремен да се врати на терените.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Јас во животот сакам предизвици. Не знам што ќе се случи во иднина, но сега имам чиста страница и треба да ја испишам. Јас навистина не можам да лежам на плажа и да уживам во животот“, тврди Венгер.
„Кој клуб би сакал да го тренирам? Сигурно некој голем клуб со големи амбиции“, изјави Венгер.
Веднаш после шокантното заминување на Зидан од Реал Мадрид, медиумите тврдат дека Венгер е еден од кандидатите за кормилото на „кралскиот“ клуб.
Arsene Wenger to Real Madrid? ? pic.twitter.com/vduYSGcKUc
— ESPN FC (@ESPNFC) May 31, 2018